понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нимиц: Еднаш ќе мора да донесете одлука, сега е моментот бидејќи нема избори

Нимиц: Еднаш ќе мора да донесете одлука, сега е моментот бидејќи нема избори

Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам. Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југославија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизија „Сител“ во врска со предлогот за решавање на прашањето за името.

Според Нимиц, не е тајна дека договорот е сеопфатен.

– Се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Според мене, со предлогот идентитетот е безбеден и со моите идеи е уште повеќе зајакнат. Предлозите ги напишав на четири страни и ги дадов на надлежните. Треба време да размислат, три до четири дена, а потоа да се разговора, истакнува Нимиц.

Тој најавува дека ќе ги посети двете земји во наредните 10 дена за да се најде компромис.

Оценка на медијаторот е дека спорот за името е голема штета за двете земји доколку неговото решавање и натаму се одолговлекува, а за разлика од минатото, ситуацијата сега е променета.

– Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје има нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот. Сега имам две влади со сериозни луѓе, двајца сериозни премиери и двајца министри за надворешни работи, тука се опозицијата и медиумите и еднаш ќе мора да донесете одлука. Сега е моментот бидејќи нема избори, да не се чека во наредните 25 години зашто вие ќе бидете тука, јас не, рече Нимиц.

Најнови вести