Просечната плата никако да се мрдне од место. Иако СДСМ во предизборниот период најавуваше просечна плата од 500 евра и тоа за секој вработен од едно семејство, новите податоци на Заводот за статистика се поразителни.
Во Македонија просечната плата изнесува 377 евра или 23. 196 денари што е многу далеку од највените 30.750 денари на Зоран Заев и СДСМ. Иако темата околку платата беше едно на најголемите ветувања на СДСМ сепак како и многу други ветувања и ова остана неисполнето.
Па така од нивната програма “За Живот“ темата за просечната плата е на самиот врв односно на 3-тата страна. Тие во нивната програма ќе напишат:
„Обезбедуваме живот за сите граѓани на Македонија! , и набројуваат 5 клучни работи кои ќе ги направат од кои просечната плата е на прво место. СДСМ и Зоран Заев сигурни во нивните ветувања под реден број 1 ќе напишат : 1. Гарантираме повисоки плати. Просечна плата до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор“.
Но она што е напишано и она што е спроведено нема никаква допирна точка со реалноста.
Македонците, според статистичките податоци, се на последното место од земјите од поранешна Југославија. Како за пример, просечната плата во Словенија изнесува нешто над 1000 евра. Но да не се споредуваме со Словенија, еве на пример ќе ги земеме земјите од нашето соседство.
Во Србија просечната плата изнесува 459 евра, Босна 440 евра, Црна Гора 512 додека Хрватска е исто така недостижна за нас. Таму просечната плата е 835 евра.
Од друга страна, растат трошоците за живот во Македонија. За да преживее едно четиричлено македонско семејство во јануари му биле потребни 32.354 денари за задоволување на основните месечни потреби.
Од една страна имаме просечна плата која изнесува 23.000 денари, а од друга стана имаме трошци кои изнесуваат 32.000 денари или разликата е околу 9.000 денари.
Синдикалците пресметале дека најмногу пари македонските граѓани трошат за храна и пијалоци или околу 13.354 денари, 10.487 денари за комунални трошоци и одржување на домот.
За лична хигиена и за хигиената во домот во јануари биле потребни 2.289 денари, а за превоз 2.349 денари. Останатите пари колку што ќе останат се за обувки и облека, за здравствени услуги и за културни дејности.