петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ, Николовски ја доведе Македонија до ситуација да моли кај соседите за храна“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ, Николовски ја доведе Македонија до ситуација да моли кај соседите за храна“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Земјоделството во Македонија поради неспособноста на Владата е во колапс. Веќе ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ. „Успешните“ политики на СДСМ и Љупчо Николовски ја доведоа Македонија до ситуација да се моли кај соседите за храна. Власта Македонија од извозно ориентирана ја направи во увозно зависна држава за храна, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„И по изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, на власта и беше потребно скоро цел месец да започне со исплата на истите. А, со тоа самo неспособната Влада докажа дека нема пари во буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци“ – велат од партијата.

Најнови вести