четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Низ скандали и бугарски воз ги одбележа изборите каде Заев победи со 59 илјади 240 илјади гласови среде пандемија во Македонија! (ФОТО)

Низ скандали и бугарски воз ги одбележа изборите каде Заев победи со 59 илјади 240 илјади гласови среде пандемија во Македонија! (ФОТО)

Додека Македонија тоне во корона кризата и наместо властите да преземат конкретни мерки барем за намалување на смртните случаи, тие организираат внатре партиски избори.

Вчера јавноста беше сведок на парадоксалните избори на СДСМ каде се избираше нов претседател на партијата помеѓу единствениот кандидат Зоран Заев.

Домови на култура, музеи, сали на општински совети, училишта и кои уште не државни институции вчера беа ставени во функција за партиските избори во СДСМ.

Се гласаше во просториите на Општина Тетово, Дом на култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, во домовите за култура во Мешеишта, Крушево, Банско, Дабиље, Неготино….

За партиски цели во функција Мила Царовска  отвори неколку училишта.

Но, според членот 11 од законот за основно образование во сите основни училишта се забранува политичко и верско организирање и истакнување на партиски и верски обележја.

По овој скандал денеска се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека во држава каде училиштата се користат за партиско гласање, министерката не би го чекала следниот работен ден!

-Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање. Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш!, реагирала преку својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски, по вчерашното скандалозно партиско гласање за избор на претсдател на СДСМ во училишта низ државата, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање. Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш!

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 22 март 2021

 

Еден во низата министри кои едвај чекаа без срам да споделат фотографија дека гласале за Заев, додека граѓаните му порачаа да не си игра и да донесе вакцини беше и министерот за здравство Венко Филипче.

Во услови на воведен полициски час, над 1.000 новозаболени дневно, близу 50 починати од коронавирус во последните 48 часа, пренаменување на голем дел од клиниките во ковид центри, министерот за здравство Венко Филипче, кој самиот потврди дека се наоѓаме во силен трет бран на епидемијата, вчера на Фејсбук објави дека гласал на непосредни внатрепартиски избори во СДСМ.

-Гласав на првите непосредни внатрепартиски избори во СДСМ. Нашата партија се демократизира и напредува, напиша Филипче на Фејсбук.

Гласав на првите непосредни внатрепартиски избори во СДСМ. Нашата партија се демократизира и напредува!

Posted by Венко Филипче on Недела, 21 март 2021

Ваквата објава на министерот наиде на силни негативни реакции кај граѓаните кои му порачаа наместо зад параван да гласа за единствениот кандидат за претседател на СДСМ, Зоран Заев, да обезбеди вакцини за граѓаните и да ја менаџира состојбата со вирусот.

Инаку Богдан Илиевски преку статус на Фејсбук откри и бугарски воз.

Бугарски воз инаку е политички поим со којшто се означува злоупотреба на правото на гласање со цел да се издејствуваат изборни резултати во сопствена полза.

Карактеристично за гласањето со „бугарски воз“ е тоа што едно лице гласа на повеќе гласачки места во корист на својата опција и така создава резултат што не одговара на вистинското расположение во гласачкото тело.

-Добро, можно ли е секретаркава денес два пати да гласала и плус да се сликала гордо? Луѓето кои ми ја пратија сликата велат дека еднаш гласала во УЗ Васко Карангелески, еднаш во ОО СДДМ Битола.
Јас не сакам да вервам дека е можно, ама еве, оставам можност во лудиот нордистан во кој Лукашенко/Ким Јонг Ун избори се нарекуваат врв на демократија, да се случило и ова, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Добро, можно ли е секретаркава денес два пати да гласала и плус да се сликала гордо? 🙂 Луѓето кои ми ја пратија сликата…

Posted by Богдан Илиевски on Недела, 21 март 2021

 

На социјалните мрежи прес-конференцијата во штабот на СДСМ стана веднаш хит особено на Твитер поради математички прецизните преброени гласови.

„Имено Заев победил со 59 илјади 240 илјади партиски членови…“, погледнете.

Инаку вчера единствениот кандидат и победник на изборите во СДСМ Зоран Заев одржа прес-конференција за време на полициски час што наиде на гнев и низа коментари на социјалните мрежи.

Еден од нив беше и поранешниот прв човек во центарот за комуникации на партијата Ивор Мицковски.

-По којзнае кој пат покажавте дека правилата и законот важат само за народот, пишува тој.

Најнови вести