вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Низа пропусти во „Глобал“: Нема одговор зошто хидрантите и прскалките не работеле во трговскиот центар за кој Заев доби аболиција

Низа пропусти во „Глобал“: Нема одговор зошто хидрантите и прскалките не работеле во трговскиот центар за кој Заев доби аболиција

Во големиот пожар кој се случи во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица изгореа над 10 продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен бил супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Го гаснењето на големиот пожар учествуваа 61 пожарникар со 18 возила. Според информациите на телевизијата ВИС, огнот започнал од правецот на задниот влез којшто се користи за дотур на стока. Зафатен бил и голем дел од внатрешноста на објектот што им оневозможувало на пожарникарите да влезат и однатре да реагираат.

Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во објектот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудуваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.

Оттука се поставува прашањето дали се работи за корупција или за неодговорност? Како и за тоа кој направил технички прием на објектот и дал дозвола за работа на „Глобал“?

Премиерот Зоран Заев кој вчера го посети опожарниот објект најави дека од денеска ќе се организира масовна солидарна акција за расчистување на зградата и за финансиско помагање.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека е потреба солидарност, но исто така и одговорност за нефункционалните хидранти.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пишува дека „Глобал“ е дивоградба за која Заев е амнестиран за криминал.

 

За потсетување, овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна.

Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше.

Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.

Најнови вести