Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е нормализиран за сообраќај.
– На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи, за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, соопшти ЈП Македонијапат.