вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Носителите на пратенички листи на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните во Куманово, Ѓорче, Дојран, Карпош

Носителите на пратенички листи на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните во Куманово, Ѓорче, Дојран, Карпош

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на претставување на програмата Обнова за Македонија и кандидатите за пратеници во 15:30 часот Јегуновце, 17:00 часот Брвеница, 18:30 часот Ѓорче Петров, 20:30 Куманово.

Носител на ИЕ1, проф д-р Гордана Силјановска Давкова, во 19:00 часот мини митинг кај црквата во Нерези општина Карпош. Во 20 часот мини митинг позади трговскиот Антико во паркот.

Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, во 13:45 часот средба со жителите на општина Шуто Оризари улица Гарсија Лорка, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми. Во 18:30 часот митинг општина Ѓорче Петров. Во 20:30 митинг во Куманово.

Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, 16:00 часот состанок со Здружение на глуви лица во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на ИЕ4, Александар Николоски, во 13:15 часот посета на штанд во Стар Дојран, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми.

Најнови вести