вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов предлог на Комисијата за заразни болести за начинот на одржување на наставата

Нов предлог на Комисијата за заразни болести за начинот на одржување на наставата

Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома. Ова, според инфорамциите на Сител е предлогот на Комисијата за заразни болести кој произлегол од утринскиот состанок. Дали ќе биде прифатен во целост или ќе има измени треба да одлучи Владата на седница. Но пред тоа, во моментот се уште заседава Кризниот штаб каде расправаат за предлог мерката.

Министрите за образование и за здравство имаа спротиставени ставови околу почетокот на учебната година – Адеми лично смета дека треба физичко присуство бидејќи ништо не може да го замени традиционалниот начин на образование. Филипче, пак, е за он лајн настава бидејќи вели дека е ризик присуството на децата во училишните клупи имајќи в предвид дека не се знае каква есен не очекува.

Со денешниот предлог најверојатно учебната година нема да почне на 1-ви септември бидејќи се неопходни законски измени а нема Собрание.

Најнови вести