„Протест за поубаво утре“ ќе се одржи утре (18 септември) во 17 часот, пред железничката рампа во Маџари, поради проблемот со нелегалната дива депонија „Вардариште“, која редовно се пали и го загадува овој дел на градот.
Организаторите ги повикуваат сите жители на Општина Гази Баба, Општина Аеродром и околината на протест против, како што потенцираат, долгогодишната незаинтересираност на градските и општинските за власти за решавање на основните проблеми во населбата.
Со птотестот се бара затворање на претоварната станица во Вардариште, затворање на сите пристапни патишта кои водат до депонијата, дислокација на „Бувљак пазар”. Исто така се бара и депортација на граѓаните без документи, кои што секојдневно носат и палат ѓубре на депонијата (која што официјално е затворена), 24 часовна контрола од страна на МВР на рампата во Маџари и контрола на работењето на отпадите.
„Да излеземе сите,тука нема политика,се бориме за основни права“, стои во повикот.
Ова е втор ваков протест летово, со кој се бара затворање и контрола на територијата некогашната депонија.