среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВ СКАНДАЛ: Градоначалникот на Центар, Богдановиќ за време на полициски час снимен во кафeана (ФОТО)

НОВ СКАНДАЛ: Градоначалникот на Центар, Богдановиќ за време на полициски час снимен во кафeана (ФОТО)

Несомнено, власта ја искористи пандемијата со коронавирусот и удри по џебот на македонските граѓани казнувајќи ги за непочитување на мерките. Граѓаните во голем дел се оставени сами на себе и едвај сврзуваат крај со крај, освен тие кои се во блиски релации со актуелната власт.

И по се изгледа правилата, мерките и законите не важат за државните функционери на СДСМ.

Кога сме во ек на трет бран од коронавирусот, кога имаме рестриктивни строги мерки, полициски час, затворени угостителстки објекти, кога луѓето се затворени дома се со една цел, да се заштитат себеси и своите најблиски, и да допринесат за побрзо пребродување на овој опасен вирус, се чини дека за градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овие мерки и закони не важат.

Тој вечерва е фотографиран со неколкумина во еден ресторан во Дебар Маало.

За споредба, против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се водеше хистерична медиумска и политичка хајка, кога инспекција влезе во ресторан во кој се наоѓаше Мицкоски, а во сила стартуваше забраната за вршење на дејност на угостителските објекти во внатрешноста, односно беше овозможено фунционирање само на т.н. летни тераси.

Иако, Мицкоски самиот призна дека бил внатре во ресторанот, но не бил доволно информиран за новите протоколи и е подготвен да плати парична казна за тоа.

Најнови вести