вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА: Родители обвинуваат дека им го нема бебето и дека биле малтретирани од пијан вработен

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА: Родители обвинуваат дека им го нема бебето и дека биле малтретирани од пијан вработен

Драма во клиниката за гинекологија. Родителите обвинуваат дека им го нема бебето, а од клиниката повеќе часа не им давале да го видат, за по неколку часа да им дадат бебе со друго презиме. Јован Волчев од Скопје цел ден барал да ја види ќерката што се родила вчера.

-По неколку часа шетање по клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето на крај му покажале бебе на кое му пишувало Василевска, па прецртано и напишано Волчева, изјави таткото Јован Волчев за телевизија Сител.

-Околу 9 часот сабајле ми рекоа дека има визита и да почекам малку. Се вратив во 10 часот и ми рекоа дека бебе со тој број и тоа презиме не постои. Ми кажаа да дојдам за еден час повторно. Во 11 и 30 повторно ми кажаа дека нема такво бебе. На крај во 12 ми кажаа дека немам право да го видам бебето и дека историјата на мајката не можам јас да го видам бебето. Седум, осум души пробуваат тука во ходникот, меѓу редови да го најдат бебето, но сите рекоа дека не можеме да го видиме бебето. Покажаа некое бебе Василевска. Моето не е Василеска, моето е Волчева, рече Јован Волчевза телевизија Сител.

Но покрај недоразбирањата со медицинскиот персонал на скопската клиника, семејството Волчеви се соочувале и со малтретирање од  клиничкото обезбедување, кое според изјавите на пациентите било под дејство на алкохол а и се заканувале и на новинарската екипа на телевизија Сител употребувајќи вулгарни зборови.

-Не знам зошто почнаа да ме туркаат, да ме вадат надвор додека разговарав со докторката, меѓутоа беше прилично пијан, мирисаше на алкохол, рече Јован.

За една недела ова е втор скандал на скопската клиниката за гинекологија и акушерство, откако претходната недела имаше замена на новороденчиња кое за среќа заврши без сериозни последици, пренесува Сител Телевизија.

Ова е само уште еден скандал откако СДСМ го презема ова министерство. Смртните случаи ја потресоа јавноста на 11 новороденчиња и тоа само краток период од владата на СДСМ.

Министерство за здравство и скопската гинекологија за смртта се обидуваа да го сокријат, но по реакција од јавноста за случајот дека само во една вечер починале дури 4 новороденчиња информираа дека ќе се формира комисија која ќе го испитува случајот.

Несериозноста од владата на СДСМ ја почувствува и пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, се соочија со недостаток на лекови. Власта на СДСМ си поигра со животите на болните со што ги остави без основниот лек.

Терапиите кои каснеа со месеци поради тендерската процедура претставуваше опасна закана за нивните ивоти. Иако лекот паѓа на товар на државата, пациентите беа принуден да ги набават лековите од странство на сопствена сметка, со што тие што немаат средства нема да можат да го набават лекот, со што дополнително претставуваше уште еден проблем за овие лица.

Најнови вести