вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВ СКАНДАЛ на двоецот Рамиз Мерко и Армен Кадриу

НОВ СКАНДАЛ на двоецот Рамиз Мерко и Армен Кадриу

Судовите во Македонија за некој мајка, за некој маќеа.

Имено вистински скандал се случил минатата година во месец март кога започна пандемијата во земјава и беа одложени сите судски предмети во струшкиот суд по 20 март 2020 година, но ова сепак го прекршиле седум дена по донесената одлука Рамиз Мерко и Армен Кадриу.

„Со Известувањето од претседателот на Основниот Суд Струга се одлагаат сите предмети после 20.03.20 до неодредено време заради пандемијата со вирусот Ковид-19“, стои во дописот лани.

Сепак, на 27.03.20 иако заради таа одлука не смеело да се суди, во истиот суд е одржана расправа и е склучено ова судско порамнување со кое фирмата за јавно осветлување ангажирана од Општина Струга ТУД СИТИ ЛАЈТ ДООЕЛ Струга се обврзува на Армен Кадриу, десната рака на Рамиз Мерко, и неговите родители Дашурие и Рамиз Кадриоски на име надомест на штета да им исплати износ од дури 7.766.763,00 денари.

Претходно Алијансата на Албанците на прес-конференција објави мега скандал како милиони евра од СИТИЛАЈТ се уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на ПРИВАТНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА РАМИЗ МЕРКО.

Најнови вести