среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Нова Македонија“: Ново „корона-вето“ во НАТО и ЕУ за Македонија

„Нова Македонија“: Ново „корона-вето“ во НАТО и ЕУ за Македонија

Веќе е извесно дека психозата предизвикана од заканата на коронавирусот, воспоставува нови начини на функционирање во секојдневниот живот, секаде низ Европа (и светот), за превенција и спречување на неговото ширење, пишува Нова Македонија.

Тоа неизбежно се одразува и врз функционирањето на европските политички институции, што укажува на можноста за ново одложување на одлуките поврзани со евроатлантските интеграции на Македонија.
Имено, шпанскиот Сенат ги суспендира сите предвидени активности во наредните денови, поради мерките за заштита од коронавирусот. Првата потпретседателка на Сенатот, Кристина Нарбона, објави дека сите закажани пленарни седници и состаноци на работните тела ќе бидат одложени, без да прецизира кога ќе бидат презакажани. Причина е детектиран вирус кај генералниот секретар на ултрадесничарската партија Вокс, кој инаку е член на Конгресот.

Суспендирањето на активностите на шпанскиот Сенат, пак, е во директна корелација со очекувањето на Македонија целосно формално да го заокружи своето членство во НАТО и официјално да стане 30-та членка на Алијансата. Нефункционирањето на шпанскиот Сенат, значи дека ќе биде одолжено донесувањето и на одлуката за ратификување на протоколот за членство на Македонија во НАТО, а Шпанија е последната од 29-те членки што треба да го стори тоа, пред протоколот да биде депониран во Вашингтон, се наведува во текстот на „Нова Македонија.“

Во моментов приоритет број еден секаде во светот и во Европа е справувањето со новиот опасен вирус и сосема извесно е другите прашања, меѓу кои и нашата евроинтеграција, да се стават во втор план
Освен тоа, превентивно-заштитните мерки на европските политички институции, ја зголемуваат неизвесноста за одржувањето на Советот на Европа во Брисел, на крајот од март (26 и 27март), каде што повторно се насочени надежите на Македонија за добивање датум за почеток на преговори за членство во Унијата. По речиси петнаесетгодишниот кандидатски статус на земјава, со постојано нови изговори на ЕУ за недонесување одлука за почеток на преговарачкиот процес (и покрај позитивните извештаи на Европската комисија и сите болни промени што ги направи Македонија), сега се јавува стравот дека коронавирусот може да биде „новото вето“ за евроатлантските интеграции на земјава.

Целиот, оригинален текст на „Нова Македонија“ можете да го видите на следниот линк.

Најнови вести