Кривичниот суд повторно и изрече затворска казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо.
Судот и пресуди 19 години затвор што е истата казна како во првата пресуда претходно укината од Апелациониот суд.
Апелацискиот суд во август ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела за убиството на Пино.Во пресудата беше наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство.
Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.
Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка.
– Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.