петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВИ ДЕТАЛИ: Во тек потрага по избеганото лице од пред Кривичен суд

НОВИ ДЕТАЛИ: Во тек потрага по избеганото лице од пред Кривичен суд

Од Министерството за правда за Курир потврдија дека утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

-Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда за Курир.

Како што претходно објави Курир, осомниченото лице утринава откако било спроведено, избегало од затворската полиција најверојатно искористувајќи ја гужвата пред Судот.

Најнови вести