понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВИ МЕРКИ: Се бара забрана за свадби, прослави и масовни настани во затворен простор на цела територија на Македонија

НОВИ МЕРКИ: Се бара забрана за свадби, прослави и масовни настани во затворен простор на цела територија на Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести утринава по состанокот објавија дека предлагаат рестриктивни мерки во Тетово, односно забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.

Филипче попладнево во изјава за „Телма“ кажа дека барањето е мерките да важат за сите градови, а не само за Тетово.

– Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде, на сите места, не само за Тетово – рече Филипче за „Телма“.

Најнови вести