Нови 17 инвеститори донесени во Петровец, а деновиве се очекуваат уште дополнителни 4. Тоа значи нови 500 работни места покрај постоечките 1.000 работни места за граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вчера беше во посета на индустриската зона Ќојлија истакна дека опозициски градоначалник и одржа лекции на Владата, и подвлече дека ако се сака се може и во услови на криза да се постигнуваат исклучителни резултати, како оптина Петровец.
-Јас жалам што редок е примерот во Македонија за вака успешни општини, но истовремено сум горд што градоначалникот на Општина Петровец покажа и докажа дека навистина кога макотрпно се работи, кога упорно се работи може да се привлечат инвеститори и во услови на криза, да се отворат нови високоплатени работни места и општината Петровец денеска со гордост може да каже дека е општина број еден по број на нови инвестиции и по број на квалитетни отворени работни места иако морам да признаат дека како градоначалник од опозиција тој е многу поуспешен, би рекол најуспешен споредено со сите градоначалници кои што се од редовите на власта и покрај сите препреки кои што изминатиов период ги имаат сите коишто доаѓаат од опозицијата. Нешто што би рекол дека е антидржавно однесување на оваа неспособна и корумпирана влада која секаде низ светот не срами, рече Мицкоски и додаде:
„Она коешто исто така сакам да го кажам се економските показатели изминатиов период, нула странски инвеститори, последните два квартали кои ги обработува Народната Банка покажуваат дека имаме одлив на странскиот капитал од Македонија. Во периодот кој следува очекувам тој период за жал да продолжи и во четвртиот квартал ли би рекол минимално да се зголеми и со тоа ние сме практично на дното по директни странски инвестиции во регионот далеку позади нашите соседи, а со оние земји од Централна и источна Европа не можеме ни да се споредуваме“.
-Пред некој ден излезе извештајот од Управата за јавни приходи каде што се покажува и докажува погрешната економска политика на владата. Имаме повторно потфрлање во собирањето на даноците, споредено со тоа што беше планирано во декември. Значи не можат ни тоа што во декември ќе го испланираат да го реализираат во јануари, а камо ли за да зборуваме за нешто повеќе. Станува збор за нешто повеќе од 3% промашување во однос на планот и нешто повеќе од 7,5% помалку собрани даноци споредено со истиот период од минатата година. Ако се има предвид дека се повратени назад во стопанството 600 милиони денари помалку споредено со истиот период од минатата година или 1 милијарда и 900 милиони, наспроти 2 милијарди и 500 милиони колку што отприлика беа за исиот период беа повратени назад во стопанството минатата година, доаѓаме до една алармантна и би рекол катаклизмичка ситуација во нашата економија. Немање на стратегија и немање на правец и немање на визија. Сето тоа зачинето со признание на вицепремиерот Битиќи кој што вели дека не биле милијарда евра помош за стопанството како што тоа го збореше неговиот ментор и претседател на партија Зоран Заев и преостанатите за време на кампањата на оние украдени избори и потоа, туку биле 350 милиони. Прашањето е кој ги украде оние 650 милини кои што граѓаните, нашите деца, внуци, ние па и нашите родители треба да ги враќаат за да бидат задоволени хировите на владејачкото мнозинство за време на оние украдени избори.
Така што би сакал да му честитам на градоначалникот на Петровец и администрацијата која што ја предводи за успесите кои минатите години ги бележи и само така да продолжи и да покаже како работат луѓето кои си ја сакаат својата општина и сакаат таа да оди напред.