среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор, штеди ли владата поради економската криза?

Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор, штеди ли владата поради економската криза?

Паралено со препораките на премиерот Ковачевски за рационализација на буџетските пари, Владата и функционерите на власт, наместо да покажат пракса на штедење во услови на економска и најавена енергетска криза, како и галопирачка инфлација троши пари преку тендери според опозицијата.

Додаваат дека власта се расфрла со парите на граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски вели дека во период кога голем дел од младината ја напушта државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните.

На 12 март годинава, премиерот Ковачевски излезе со видео порака во која порача да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари.

По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра.

Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари.

– Во однос на набавката на Кондиторски производи, Чоколадо и Сушено овошје за кои прашувате, јасно од договорот може да се види дека крајни корисници се припадниците на Армијата. Во услови на економска криза Министерството доследно ги почитува препораките за рационализација на трошењата, но истовремено се грижи припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди – нешто што секој професионалец во униформа целосно го заслужува. Јубилејот се реализира со минимални средства, но со максимална посветеност и ангажман на вработените во Министерството кои самостојно ги организираат овие настани и самостојно ја изработуваат изложбата по повод јубилејот „30 години Армија“. Во реализацијата на отворениот настан за изведувачите кои ќе настапат со свои песнипотрошени ќе бидат нула денари, односно тие тоа ќе го направат бесплатно, велат од Министерство за одбрана.

Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.

Најнови вести