петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новинар објави документ со кој ОЈО се прогласува ненадлежно за изземање на Јанева, Мицкоски со одговор: ОЈО работи под диктат на Заев, прават пиши-бриши со правото

Новинар објави документ со кој ОЈО се прогласува ненадлежно за изземање на Јанева, Мицкоски со одговор: ОЈО работи под диктат на Заев, прават пиши-бриши со правото

Во оваа правна паника што се случува изминатиов период се изнаслушавме се и сешто. Сум слушнал и јас дека адвокатите на луѓето кои се дел од предметите на СЈО се обратиле до ЈО за мислење за изземање на Катица Јанева од овие случаи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека одговорот кој го добиле е дека Катица Јанева не е дел од хиерархијата на Јавното обвинителство и дека тие не се надлежни да даваат такво мислење, ниту пак да превземаат било какви процесни дејства.

-Од друга страна, Јовевски го гледаме дека издаде соопштение во кое се повикува на уставното начело за едно обвинителство, нешто за што јас зборував во најмалку две прес-конференции. Со тоа директно потврдува дека СЈО не е уставно обвинителство, за во текот на вчерашниот ден да го видиме претседателот на Советот на судии кој вели дека се доведува под знак прашање начелното правно мислење на Врховниот суд. Па ние ако вака си играме пиши-бриши со правото и правдината ќе ни се случува ова што денес се случува, а тоа е празнење на Македонија. Луѓето се разочарани, несигурни и не веруваат во правниот систем. Се додека имаме луѓе кои по налог пишуваат документи, се самодемантираат, ние ќе го имаме ова што денес ни се случува. Нашиот пристап е безусловно почитување на законоти и правда и правдина за секого, истакна Мицкоски.

Најнови вести