среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новиот министер за животна средина како причина за загадувањето ги наведе граѓаните кои кога се враќаат од работа вклучуваат греење

Новиот министер за животна средина како причина за загадувањето ги наведе граѓаните кои кога се враќаат од работа вклучуваат греење

Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, смета министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во „10 минути“ на ТВ21 вели дека помеѓу 16 и 17 попладне, и до 22, 23 и 24 во текот на ноќта драматично се зголемува загадувањето на воздухот.

-Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина, посочи Нуредини.

Министерот додава дека како трет главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.

Најнови вести