сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НОВО СВЕДОШТВО – мајка раскажува за кампот со с*ексуални активности: Мојот син е згрозен од тоа што го видел, имало многу вулгарни игри(АУДИО)

НОВО СВЕДОШТВО – мајка раскажува за кампот со с*ексуални активности: Мојот син е згрозен од тоа што го видел, имало многу вулгарни игри(АУДИО)

Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Потресното сведоштво од родител беше пренесено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, а истото можете да го слушнете ТУКА.

-Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот.

Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.

КУРИР истражуваше од кого е финансиран овој одред, кој дозволил вакви активности?

Прв Скопски Извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година. Тоа значи дека камп од ваков скандалозен вид, не се одржува прв пат. Зошто никој до сега не реагирал – не е познато. Но, алармот, секако, е веќе вклучен.

Само неколку денови по овој скандал, голем број на родители го пријавуваат овој скандалозен камп за сексуална едукација каде имало активности после кои децата побарале психолошка помош.

Мајка за Слободен Печат сведочи за овој скандалозен настан кој може да го слушнете ТУКА.

-Нас како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, рече меѓу другото мајката во изјавата.

Најнови вести