понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

НУК се приклучува на протестот организиран од Стопанската комoра за енергетика, утре излегуваат пред Влада

НУК се приклучува на протестот организиран од Стопанската комoра за енергетика, утре излегуваат пред Влада

Од донесувањето на мерката со која се воведоа задолжителни сертификати за  посета во угостителските објекти односно се забрани посета на гости кои немаат извршено имунизација угостителите и угостителската индустрија веќе 7-ми месец трпат енормни штети и загуби. Покрај мерките за забрана на посета на невакцинирани гости, угостителите почнаа да се соочуваат и со енормни сметки за електрична енергија кои доколку не се подмират на време оперативци од ЕВН на терен масовно без никакво известување и опомена ги исклучуваат угостителските објекти од дистрибутивната мрежа со што угостителите се доведени во безмилосна и безизлезна ситуација на работ на егзистенција, велат од Независната угостителска комора.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Претставници на Владата од донесувањето на протоколите со кои се забрани посета на гости во угостителските објекти за лица кои не поседуваат соодветни сертификати за имунизација, вети и превзема обврска за донесување на мерка за финансиска помош и поддршка со која во целост ќе ги надомести сите штети и загуби кои ќе ги имаат угостителите. За жал и покрај повеќето потсетувања и доставени барања од страна на НУК за итна и неопходна неповратна финансиска помош поради штети и загуби кои за некои угостителски објести се и повеќе од 50% од приходите, Владата веќе седми месец игнорантски се однесува кон македонските угостители.

Од друга страна енормното покачување на електричната енергија во услови на преполовени приходи ги доведува угоститителите во милост и немилост на снабдувачите на електрична енергија.

ЕВН АГ составена од фирми мајки и ќерки мртво ладно без трунка одговорност ги користат и злоупотребуваат своите права ги сечат доводите и ускратуваат правото на користење на електрична енергија без никаква известување, опомена или одлагање на обврските, со едно единствено оправдание дека не сте ја исполниле односно не сте платиле на време, не навлегувајќи во причите зошто тоа се случило, ниту сносејќи било каква обврска и одговорност за штетите и загубите што ќе ви ги нанесе користејќи го и злоупотребувајќи го исклучиво нивното стекнато монополско право да Ве исклучат од дистрибутивната мрежа на електрична енергија кое треба да е неприкосновено право на секој граѓанин и бизнис правото на непречено и континуирано користење на енергија вклучувајќи ја и електричната енергија.

Со цел на Владата да и укажеме за неправдата која ја нанесе на угостителите и угостителската индустрија и да ја потсетиме за обврската за надомест на штетите кои ги трпиме од воведувањето на мерката за задолжително поседување сертификати за посета на угостителски објекти и да и укажеме за неправдите и злоупотребата на правата на МОНОПОЛОТ ЕВН АГ во услови на пандемија со Ковид-19 како угостител и Претседател на Независната угостителска комора го поддржувам и се приклучувам кон најавениот протест пред Влада закажан за 25ти Февруари 2022 год. во 15:30 часот организиран од Стопанска комора за енергетика на Македонија.

Воедно ги повикувам и поканувам сите угостители, угостителски работници и граѓани кои се засегнати од воведувањето на мерката на задолжително поседување на сертификати за посета на угостителски објекти и игнорантскиот однос на Владата за нивно укинување, како и монополистичкиот однос на ЕВН АГ да се приклучат кон протестот со цел да покажеме и укажеме уште еднаш на Владата за проблемите со кои сите ние заедно се соочуваме секојдневно.

За време на протестот Независната угостителска комора уште еднаш официјално ќе ги достави барања од страна на комората и угостителите за оправданоста на потребата од неповратна финансиска помош и укинување на дел од протоколите односно забраните за посета на угостителски објекти.

И за напомена, во изминатиот период во ниеден момент Владата врз основ на доставени барања и предлози од страна на НУК и угостителите не одговори соодветно се додека истите не беа претворени во протести на кои веднаш реагираше со исполнување на барањата и донесување корекции и нови мерки.

Да не дозволиме и понатаму игнорантски однос и тортура и да ги оствариме нашите права.

Се гледаме Петок 25ти Февруари во 15:30 часот пред Влада!

Најнови вести