Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, спротивно законските овластувања, да не зборуваме за волјата на граѓаните и нивните барања, се обидува да ги отстрани сите пречки на патот земјиштето кај Железара, кое не смееше да го даде под закуп на 99 години со намена Г1 – тешка индустрија, стане нова индустриска зона, ова преку својата Фејсбук страна го потенцираат од О2 иницијативата.
? Прво, продолжи со јавниот повик и електронското наддавање, иако не смееше поради постапката која се водеше пред Уставен суд. ДУПот во чиј опфат е и градежната парцела во јавниот повик е предмет на одлучување пред Уставниот суд.
? Потоа, два месеци откако општината преку своите служби ги потврди нашите докази пред Уставен, за време на седницата кога одлуката за укинување на ДУПот ќе беше донесена, градоначалникот бара одлагање. Испраќа е-маил порака до судиите ЗА ВРЕМЕ на седницата (седницата започнала во 09:30, пораката била испратена во 09:51), каде вели дека накнадно ќе презентирал доказ.
⛔️ Предметот е тргнат од дневен ред за одлучување, иако е спротивно на начинот на работење на судот да се прифати вакво барање во тек на седницата кога се носи одлука.
Уставните судии и тука до донесување на конечната одлука не донесоа времена мерка за запирање на извршување на дејствија или акти кои произлегуваат од ДУПот, како и во случаите за ДУПовите во Карпош, иако тоа го баравме и ние како подносители и самата општина (не градоначалникот). Но, затоа судиите донесоа времена мерка брзо и без проблем кога стана збор за укинувањето на мораториумот во Центар.
Антикорупциската комисија отвори предмет по наше барање за испитување на работењето на уставните судии. Чекаме финални резултати од истрагата.
? Недела дена откако побара да се одложи предметот пред Уставен, градоначалникот Георгиевски го испраќа “доказниот” материјал до судијата Јован Јосифовски.
Доказот е нечитлива копија од логови, каде е издвоен логот за Одлуката за неспроведување на стратегиската оцена. Тоа треба да претставува доказ дека Одлуката била објавена на веб страната на општината.
Snapshot направен од веб страната во тој период не ја покажува објавена Одлуката. Од објавите на веб страната се гледа дека сите логови од листот на градоначалникот се објавени освен Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена.
Дополнителните докази ги доставивме до Уставниот суд.
⛔️ Градоначалникот на општина Гази Баба во својот обид да протне нешто што не смее, извршил серија на сериозни прекршувања:
– продолжил со јавниот повик и електронското наддавање (два пати) со само една пријавена фирма (претходно договорена??), без да ја сочека одлуката на Уставниот суд;
– за време на самата седница на Уставниот суд кога требало да се донесе одлука барал одлагање на предметот;
– праќал докази директно до судијата кој го има предметот, наместо тоа да го направат соодветните служби одговорни за тоа во општината на соодветен начин;
– судијата кој е овластен за предметот не треба да е познат на страните вклучени во постапката, па следствено – од каде и зошто градоначалникот ја имал оваа доверлива информација;
– дава спротивен одговор до Уставен од првичниот на општината и тоа два месеци подоцна на самиот ден на седницата кога требало да се донесе одлука за укинување на ДУПот;
– доставил копија на логови како доказ од кои сите се објавени на веб страната во тоа време, но не и Одлуката за неспроведување на стратегиската оцена, како што градоначалникот тврди.
Со ова само се зацврстуваат сомнежите дека градоначалникот на Гази Баба не работи за интересите на граѓаните, туку за нечии други интереси поради кои е спремен да прекрши и закони и протоколи и процедури. Да се надеваме дека не фалсификувал докази пред Уставниот суд. Но, за градоначалник кој се обраќа со “затвори ја веќе устата”, кој ги известува граѓаните отпосле за презентација на катастарот на загадувачи, кој ДУПот за Вардариште, горливиот проблем на сите Скопјани, не го носи, иако редица други ДУПови се донесени (ама таму ќе се градат згради, бензински, молови, ваму не) и кој предизборно потпишува барања на граѓански активисти кои се обврзува да ги исполни, за после избори комплетно да ги игнорира и ниту еднашка да не даде одговор во врска со нив, надежта е изгубена, стои во нивниот пост на Фејсбук.