Со цел да го прикрие хаосот во здравството и економијата, СДСМ се одлучи на, за нив, познат чекор-обид за манипулација со граѓаните.
Со нова лага, по стар принцип прво одржаа прес-конференција, па ги организираше медиумите блиски до себе да ја разработат и рашират невистината која ја пласираат. Но како и на секоја, така и на оваа нивна лага, нозете беа кратки.
Имено, тие објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве бил во теретана, па покажаа и стара фотографија манипулирајќи ја јавноста. Мицкоски обелодени дека станува збор за стара фотографија, но тие не ја прифатија вистината бидејќи не им оди во корист. Снимката која ја пласираа е стара околу шест месеци.
Продолжија оркестрирано да шират лажни вести.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денес одржа прес-конференција на која побара извинување од СДСМ, партијата која ја нарече фалсификаторска.
-За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе. Со објавените соопштенија и прес конференции, како и со луѓето кои ја ширеа оваа лажна вест преку интернет просторот, очигледно е кој е конструктор на овие лаги и лажни вести кои беа презентирани во медиумите. Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска. Извинување и собирање на јавниот срам е најмалку што можат уште веднаш да направат во СДСМ фалсификаторска, но сепак тоа може да го направат луѓе кои имаат срам, а не луѓе во СДСМ кои што немаат срам, порача Арсовски.