петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обидот за ограничување на бројот на амандмани, причина за опозицијата да го напушти парламентот

Обидот за ограничување на бројот на амандмани, причина за опозицијата да го напушти парламентот

Додека во парламентот во Франција се води дебата и опозицијата ја напушта седницата незадоволна од иницијативата за ограничување на бројот на поднесени амандмани, во земјава демократијата умира.

Во Македонија проблем е кога ќе се поднесат амандмани, за нив не се дебатира и се носи противуставен закон без да се испочитуваат амндманите поднесени од опозицијата.

Каков е случајот во Франција?

Што се случи во средата на парламентарна седница? Опозицијата во францускиот парламент во средата ја напушти седницата наменета за пратенички прашања, со цел да го изрази своето противење на ограничувањето на правото за поднесување амандмани. Практично можноста за ограничување на амандманите според големината на пратеничката група, е предлог од премиерот Едуард Филип презентиран на почетокот на месецов, а досега предизвика многу критики во политичките кругови. Прашана за ова заменик министерката за правда, Никол Белоубе, негираше дека постои било каква желба за “заглавување” и на парламентарниот процес и било какви ограничувања.

-Амандманите се дел од правото на пратениците, но верувам дека ние мора да престанеме да зборуваме за бројот и формата, одговори Белоубе во парламентот.

Ова предизвика вознемиреност во редовите на опозицијата, чии претставници го напуштија Собранието.

-Не е на владата да го оценува квалитетот на амандманот, нема што да се меша извршната власт тука, рече Даниел Фаскел, од конзервативната партија Републиканци.

За Жан-Лук Меленхон од партијата Лев фронт, ова всушност е маневар.

-Никогаш не постоеше никаде, во ниту еден Парламент, ограничување, затоа од самиот почеток мислам дека е мамка, рече тој.

Најнови вести