Новинарот Саше Димовски, кој важи за добар познавач на судството, синоќа во емисијата “Заспиј ако можеш“, кажа дека во неговиот дом на 2 јуни бил направен упад и од него се изнесени компјутери, документи и пари.
Се што можеле однеле и другите работи се превртени за да изгледа како кражба. Се е пријавено. Дојде полиција и нивната теза е дека веројатно некои наркомани Таму се земени податоци и многу работи кои се работени во „Сведок“ од 2016-та година, тоа се цели 5 години скоро, почнувајќи од фотографии, документи, податоци за уплати, исплати, даночни биланси, се што има како хартии, одземени се до печати до пликоа со разни документи. Веројатно знаеле што барале- рече новинарот Димовски.
Новинарот Димовски прв ја отвори темата за тоа дека Цветанка Иванова се подготвува да стане Уставен судија, чие име до последен момент се криеше од јавноста.