Синоќа изби пожар во трговскиот центар Глобал во Струмица.
Лидер дознава дека во трговскиот центар Глобал во Струмица не бил вграден фунционален противпожарен систем.
-Парите наменети за овој систем, инвеститорите си ги ставиле во џеб. 13 години подоцна, резултатот е опожарен објект и десетици семејства со уништени бизниси. Да бевме нормална држава, уште денес инвеститорите ќе беа во затвор, а во затвор ќе беа и општинските инспектори кои потпишале употребна дозвола за објектот, пишува порталот.
ЛИДЕР објавува:
„За криминалите во изградбата на овој објект во 2008 година обвинителството му одреди притвор на сегашниот премиер Зоран Заев кој тогаш беше градоначалник на Општина Струмица. Но, тогашниот претседател Бранко Црвенковски го аболицираше Заев.
За жал, пожар не може да се аболицира со политичка одлука како што може да се аболицира криминал, па штетите остануваат“.