недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Обнова“ наспроти „Можеме“: Енергија контра сивило

„Обнова“ наспроти „Можеме“: Енергија контра сивило

Стартот на предизборната кампања покажува повторно два дијаметрално спротивни концепта на обидите да се привлече довербата на гласачите од страна на двете најголеми политички партии,и како што се чини – оној веќе видениот на СДСМ и новиот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите впечатоци се наметнуваат од материјалите емитувани во првите два дена од кампањата. Бездруго наредните денови ќе следуваат нови пропагандни материјали со целени содржини, но судејжи според првичните кои имавме можност да ги видиме досега недвосмислено се забележува дека владејачката СДСМ сѐ уште се придржува до концептот на сатанизирање на политичкиот опонент секогаш со заплашување на избирачите.

Ваквите промотивните спотови на владејачката СДСМ воопшто не се разликуваат од кампањите од крајот на минатиот и почетокот од овој век во кои социјалдемократите ги заплашуваа избирачите со наводни катастрофални сценарија доколку не бидат избрани нивните кандидати. Но истовремено забележливо е дека сега ја промашиле целта и почетокот на нивната кампања е една тешко разбирлива мешавина која дури ги опфаќа и периодите на владеењето на нивните поранешни лидери.

Во изјава за КУРИР, Виктор Грозданов прави споредба меѓу двата концепти во предизборната кампања од минативе денови.

-На прв поглед веднаш влегува чувството дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна економска и национално патриотска платформа за да може оваа земја да го преживее економскиот и националниот колапс во најава од пандемијата Ковид-19 , за разлика од СДСМ која има лажговско економска романтична приказна поврзана со некаква лажна европска економска агенда и сериозно национално предавство, вели тој.

-Давам целосна несебична поддршка на нашата коалиција предводена од идниот премиер на Република Македонија г-дин Христијан Мицковски на кој му верувам дека има намера да ги исполни следниве зборови: “Сите има да одговараат”, порача Грозданов.

Александар Даштевски во својата колумна за КУРИР пишува:

„За разлика од ВМРО ДПМНЕ кое стартуваше се врвни билборди и спотови, кои прават моќен визуелен ефект, на другата страна во слоганот “Можеме”, гледаме сивило, гледаме дека залутале со стари истрошени пораки, веројатно поради тоа Заев почна да зборува за обновата.

Во повеќе јавни настапи предупредував, да не се занимаваат веќе со минатото, бидејќи тоа го правеа последните три циклуси. Тоа веќе не поминува. Но не ме послушаа, најверојатно поради тоа што немаат идеи и мислат дека повторно ќе го излажат сопствениот народ.

Во своите спотови тие ги плашат луѓето дека ако не гласаат за Заев, ќе се врати времето на Бранко, со снимки од транзицијата и извадоци на весници од тоа време. И додека тие се споредуваат со времето пред 5, па и пред 20 години, опозицијата им порачува дека го надминала тоа време, дека овие луѓе знаат да ја ценат довербата и дека ќе ја направат обновата, ќе го вратат достоинството на граѓаните и ќе го зголемат животниот стандард. Тоа се нештата кои вистински му требаат на народот, а не споредување со минатото, со транзицијата, каде што малата група околу Заев припаѓа. На Македонија и треба иднина, која ќе ја крене над сите порази, неправди и предизвици“.

 

ВМРО-ДПМНЕ ја стартуваше кампањата со мотото „Исправи се Македонијо! Одбери обнова!”, јасно алудирајќи на ветувањето на Заев дека треба да се „свитка кичмата“, и како за само само три години полни со неуспеси и понижување „го исполнил само тоа ветување“. Во истиот спот се споменува и влошувањето на ситуацијата во економијата последните три години, но секако дека со развивањето на кампањата ќе следат материјали со конкретни и целно насочени податоци и факти.

Предноста на ВМРО-ДПМНЕ е и во појавата на нови личности како кандидати, што нудат нови идеи и концепти. Наспроти тоа, понудата на СДСМ се ликови кои подолго се присутни на политичката сцена и, не само во текот на последните три години, успеале да се компромитираат пред избирачите. Токму поради тоа и во декември 2016-та и покрај страшно оркестрираната анти-кампања не успеаја да извојуваат реална изборна победа, па нивната влада беше резултат на политички мешетарење и, повторно, трговија со македонските национални и државни интереси.

Лајтмотивот на ВМРО-ДПМНЕ јасно ќе биде реферирањето кон започнување обратни процеси од оние кои ги спроведува власта на СДСМ, во првиот спот симболично претставени со исправањето на луѓето кои претходно се појавуваат превиткани во ‘рбетот – со „свикатаната кичма“. Во главното мото – обновата – кампањата на ВМРО-ДПМНЕ веќе го истакнува и моќниот визуелен ефект и симболиката на обновување на сето уништено во последните три години од владеењето на СДСМ. Во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се вклучени многу млади луѓе, симболизирајќи дека со својата креативност и полетност се иднината на земјата и оние на коишто ќе смета партијата во обновата.

Во услови на епидемијата на коронавирусот, која очигледно ја поштеди СДСМ од споредбите со посетеноста на изборните митинзи, како што беше случајот со фијаската доживеани пред референдумот за промената на уставното, кампањата ќе мора да се пресели на социјалните мрежи.

И тука се чини дека во СДСМ надвладува безидејноста. Веќе е длаботко стивнат и обезоружен нивниот арсенал силно користен пред четири години. Сега истите тие „фејсбук профили“ повторно со шпекулации или „сознанија од доверливи извори“ се обидуваат да го оцрнуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Но и тие се прочитани, за што многу јасно сведочат коментарите под нивните постови од постојано исти но сѐ помалкубројни корисници со изразено партиско пропагандни коментари, анализира Нетпрес.

 

Најнови вести