Триесет и пет вработени во Вишото скопско обвинителството од кои десет обвинители три месеци се без здравствено осигурување, дознава Алсат.
-Од први јануари годинава тие не фигурираат во системот на Фондот за здравство. Вработените се соочиле со овој проблем кога побарале лекарска помош. Проверката во системот на Фондот за здравство од матичните лекари покажала дека не се осигуреници. Поради овој проблем без здравствена заштита останале и нивните деца кои биле осигурани преку нив. Имало и обвинителите кои имале закажано хируршки зафати, но биле приморани да ги одложат, бидејќи не сакале или не можеле да ја платат приватно услугата, објавува телевизијата.
Основното јавно обвинителство потврди дека има административен пречки и дека колегите од вишото обвинителство се без здравствено осигурување. Детален одговор најавија за утре, откако ќе ги соберат сите информации од службите.
И од Фондот за здравство потврдија дека постои ваков проблем. Од стартот на годинава дел од вработените во Вишото скопско обвинителство не се водат како осигуреници и не можат да се лекуваат во болниците на товар на фондот. Како што дознава Алсат, проблем се јавил бидејќи на само една вработена не и било платено здравственото осигурување.
-Поради неа, системот не ги евидентирал останатите уплати и сите вработени биле ставени во ист кош, па останале без осигурување и без можност да се лекуваат во државните болници и да ги користат услугите за кои одделуваат пари од нивната плата, пренесе Алсат.