вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството се огласи: Се расветлуваат причините за смртта на Илиевски

Обвинителството се огласи: Се расветлуваат причините за смртта на Илиевски

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство

Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство.

-Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, нагласуваат од Обвинителството.

Најнови вести