четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од 20 другари, само 3 останале во Македонија – Миграцијата ги празни куќите во Гостиварско

Од 20 другари, само 3 останале во Македонија – Миграцијата ги празни куќите во Гостиварско

РАЗГОВОР ПРЕКУ ВИБЕР:

Како си, како поминуваш?

Добро брат, ти како поминуваш?

Како е на печалба, како поминувате?

Како на печалба.

Работиме.

Ти недостига ли родната земја?

Не прашувај, многу ни недостига.

Тројца другари од Чегране за да се потсетат на старите времиња кога заедно пиеле кафе, разговараат на Вибер. Јасир работи во Германија, но не ги заборава другарите од својата населба. Секој ден разговараат за старите времиња кога биле заедно. Миграцијата ги погоди и овие другари од гостиварско Чегране како и многу млади од земјава.

„Ние бевме 20 другари, по 2 години разлика во години, плус или минус. Во населбата сега останаа само тројца, односно 17 се иселија. 60% од селото е испразнето, сите куќи се затворени“, вели жител на Чегране.

Нусрет ги открива причините за иселувањето на младите од земјава. Вели дека 50% од младите заминуваат во потрага по работа, бидејќи овде не можат да се вработат.

„Си одат бидејќи овде нема живот, немаат едно кафе да си платат, нема што да работат, не знаат што да прават и си заминуваат“, вели Рамадани.

Во последно време колку мислите дека се иселиле?

„50% од Чегране се иселило“, рече Рамадани.

Според претседателот на месната заедница, од 3150 домови во Чегране, останати се само 1500. Селото е речиси без млади луѓе и со сите со кои разговаравме планираат да ја напуштат земјава. Жителите велат дека гостиварско Чегране некогаш броело 13 илјади жители, а сега некаде околу 7 до 8 илјади.

Дали Јасир планира да се врати од Германија и да живее во Македонија?

-Би се вратил, кој не сака да се врати дома.

Кога би се вратил?

-Не знам што да кажам, кога ќе биде подобро, не верувам дека таму ќе биде подобро.

Извор: ТВ21

Најнови вести