понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Германка тешко повредена во гостиварско, со својот мотоцикл излетала од патот

Германка тешко повредена во гостиварско, со својот мотоцикл излетала од патот

На 01.07.2023 околу 16,30 часот било пријавено дека во Гостивар на пат кон с.Ломница, В.А.Д. (54) од Германија управувајќи моторцикл „КТМ“, излетала од патот.

По несреќата В.А.Д. била пренесена во Ургентен центар-Гостивар каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.