сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од денес задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства

Од денес задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства

Министерството за правда во координација со Јавното обвинителство на Република Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година.

-Системот претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите. Со него се  обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација. За соодветна примена на системот, организирани  беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени, информираат од Министерството за правда.

Најнови вести