Поради градежни работи за реконструкција на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, од денес, па во наредните 9 месеци, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, информира АМСМ.
Поради асфалтирање на патниот правец Р2339 од Ново Лагово до Боротино во Прилепско, сообраќајот на овој пат од денеска ќе биде во прекин во двата правци, во периодот од 9 до 16 часот секој ден, освен недела.
На учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани им се препорачува да се упатуваат кон Беровци, а оние кои ќе се движат кон Боротино да се движат кон Веселчани.