Од јануари 2022 година ќе почне да им се исплаќа месечниот надомест на приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, информира Министерството за здравство.
-На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година, соопшти Министерство за здравство.
Од министерството посочуваат дека првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.