Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информира дека од 15 ноември започнува задолжително носење на зимска опрема и соодветна зимска проверка на возилото.
Под редовна зимска проверка на возилото се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, итн, соопштуваат од РСБСП.
-Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година, апелираат од советот.