недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со возила оштетиле метални столбчиња и избегале, но полицијата го најде во Битола

Со возила оштетиле метални столбчиња и избегале, но полицијата го најде во Битола

На 15.08.2023, полициски службеници од сообраќајната полиција при СВР Битола ги пронашле патничките моторни возила кои извршиле оштетување на столбовите поставени на ул.„Никола Тесла” во Битола.

Имено, патничко возило „фиат пунто”, управувано од А.Т.(37) од Битола и патничко возило „мерцедес”, управувано од Н.А.(29) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки, на 14.08.2023 во 03:00 часот, односно на 13.08. во 05:00 часот оштетиле повеќе метални столбчиња поврзани со метални синџири на тротоарот од улицата.

Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола, по што учесниците во незгодата биле повикани во полициска станица и по документирање на настаните ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.