СДСМ уште еднаш докажа дека не е ниту способна, ниту пак има желба да го департизира судството во Македонија. Медиумите се преплавени со информации за партиските кадри кои станаа дел од Советот на Јавни Обвинители.
Резултат на политички договор помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ е поделбата на местата во Советот на Јавни Обвинители и Уставниот суд, но сепак немаат кворум за формално да се изберат преку Комисијата за избори во Собранието.
Имено за членови на Советот на Јавни Обвинители директно од правниот совет на СДСМ избрани се адвокатите Ангеле Илиевски и Ангел Солев. Покрај ангажираноста во правниот совет на СДСМ, Илиевски е поранешен адвокат на Зоран Верушевски во случајот „Пуч“, случај во кој меѓу обвинетите е актуелниот премиер Зоран Заев и поранешен вработен во МВР. Солев пак е поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје, но и поранешен претседател на правниот совет на СДСМ.
Реформите и департизацијата на македонското судство очигледно ќе чекаат некои идни подобри времиња.
Советот на обвинители со изборот на партиските кадри на СДСМ ќе се комплетира. Советот е тело кое избира и разрешува јавни обвинители со други зборови со партизацијата на советот СДСМ ќе избира „пожелни’’ јавни обвинители. Односно ќе бидат разрешувани сите оние кои професионално си ја вршат својата работа и не работат по партиски директиви и одбиваат да работат на политички монтирани случаи.
Македонското судство е во очајна состојба, а политичкиот прогон на неистомислениците на СДСМ и премиерот Заев. Додека судењето за случајот „Поткуп“ во кој првообвинет е премиерот Заев за барање поткуп од 200 илјади евра постојано се одложува и покрај цврстите докази, политички затвореници ги преплавија затворите. Македонија со секој еден ваков чекор се одалечува од владеењето на правото и се доближува до тоталитарен режим.