сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од утре се укинува полицискиот час

Од утре се укинува полицискиот час

Владата на денешната седница донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Одлуките ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република  Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје,

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.

Најнови вести