вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Од владата се обидоа да го затскријат скандалот со неинтонирање на химната и постројување на гардата при посетата на Ципрас“

„Од владата се обидоа да го затскријат скандалот со неинтонирање на химната и постројување на гардата при посетата на Ципрас“

Реалноста е дека на онака помалку комичен начин се обидуваат од владата да го затскријат скандалот со неинтонирање на македонската химна и непостројување на македонската гарда, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на АлсатМ телевизија коментирајќи ја посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Најпрвин од Владата велат доцнел авионот, а потоа премиерот го гледаме како се препелка на едно интервју велејќи дека не е тоа дека немало време, туку да не му создадел дополнителни проблеми на неговот нов пријател во соседна Грција. Чуму ќе ти е таков пријател, ако не те прифаќа таков каков што си. Мене ми требаат пријатели кои ќе ме прифаќаат таков каков што сум, рече Мицкоски.

Тој укажа дека доколку тој се сретнел со Ципрас средбата би била во друга реалност, а во зависност од тоа каква ќе беше реалност за тоа ќе разговарале.

Најнови вести