вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Одбивањето на конкретните предлози на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи дека СДС е заложник на ДУИ и е подготвена да го срози во целост македонскиот идентитет во текот на преговорите“

„Одбивањето на конкретните предлози на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи дека СДС е заложник на ДУИ и е подготвена да го срози во целост македонскиот идентитет во текот на преговорите“

СДС има две конкретни понуди од ВМРО-ДПМНЕ за излезот од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија. СДС нема двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат, и нема да го има доколку продолжи да се однесува нерационално и да ги загрозува националните и државните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што СДС си ги толкува јасните предлози на ВМРО-ДПМНЕ онака како што ним им одговара, покажува дека имаат скриени намери кои се на штета на идентитетот и на штета на Македонија. Јавноста очекува која од двете јасни понуди им е прифатлива. СДС треба сега пред граѓаните да ги признае своите вистински намери, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува: „Прво, дали е заложник на ДУИ поради меѓусебните корупциски зделки во кои се заглавени“?

-Второ, дали планира да го срози во целост македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега, со цел во текот на преговорите со ЕУ да дозволи Бугарија да не блокира, секогаш кога сака, со своите негаторски политики и барања? Јасни се понудите на ВМРО-ДПМНЕ, јасен треба да биде и одговорот на СДС и Ковачевски. Доста заобиколуваа, време е за вистинските одговори, велат од партијата.

Најнови вести