четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбраната тврди дека комисијата за одлучување за „Сончев град” имала двојни аршини при составување на записници

Одбраната тврди дека комисијата за одлучување за „Сончев град” имала двојни аршини при составување на записници

На денешното рочиште за случајот на СЈО „Топлик“, сведок на обвинителството истакна дека немањето инфраструктура на градежното земјиште “Сончев град”, било пречка за негово јавно наддавање. Василка Поп-Георгиева член на комисијата за одлучување во 2006, и вработена во секторот за нормативно-правни работи при Министерството за транспорт и врски, сведочеше дека “Сончев град” немал патна и друга инфраструктура. Таа не била на терен за да го утврди тоа, но за тоа и кажала колешката Малинка Матеска. Одбраната констатираше дека сведокот, членот на комисијата Поп-Георгиева не излегла на терен, а одлучувала и давала мислење во комисијата за недостатоците на градежната парцела “Сончев град”.

Според одбраната исто така пак, контрадикторно е тоа што за другите предмети, за кои што одлучувала комисијата, инфраструктурата не била пречка за јавно наддавање. Имено по разрешувањето на членовите, постои записник од состанок на 12 април, за раздолжување на завршени предмети од комисијата, во кои предмети јасно се гледа дека членовите дале зелено светло за јавно наддавање за парцели без инфраструктура.

Најнови вести