среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одложена средбата на Ковачевски со Мишел

Одложена средбата на Ковачевски со Мишел

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево требаше да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но средбата е одложена, најверојатно за утре, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според информациите на МИА, средбата е одложена од семејни причини од страна на претседателот на Европскиот совет. Од Советот додаваат дека се прави сѐ да се најде нов термин за средба со македонскиот премиер.

Средбата најверојатно ќе се одржи утре, кога Ковачевски исто така има состанок и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Вечерва премиерот Ковачевски ќе се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.

Најнови вести