Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев на својот Фејсбук профил напиша статус во кој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за зачувување на македонските национални интереси, продолжување и шириње идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Тој исто така напиша дека партијата не е на распродажба.
Во продолжение може да го прочитате целосниот статус.
Исто така и потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Слободан Ивановски, сподели статус на својата Фејсбук страница во кој истакнува дека брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ќе си ги задоволат своите лични интереси.
-Сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков, напиша тој.
Целосниот статус може да го прочитате во продолжение.