Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Атанасов на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката со која од членството се исклучува пратеничката Емилија Александрова.
-На денешната седница ОК Берово, согласно статутот на партијата и насоките добиени од ИК на ВМРО ДПМНЕ, едногласно донесе одлука од членство вопартијата да ја исклучи досегашната наша пратеничка Емилија Александрова. Сосвојата постапка и поддршката за уставни измени која ја даде на вчерашната седница, Александрова ја погази волјата на граѓаните на Македонија искажана на референдумот од 30-ти септември, како и партиската одлука за почитување на таа народна волја при изјаснувањето во Собранието, истакна Атанасов.
Тој истакна дека членовите на ОК Берово не навлегуваат и не ги интересираат мотивите за ваквата нејзина одлука.
-Тоа ен ејзина лична работа и со тоа ќе мора да живее целиот свој живот и таа, а за жал и нејзиното семејство и идните поколенија. Веруваме дека ќе има објаснување за оваа своја предавничка постапка барем пред нив и пред Бога, затоа што нивниот суд е оној најважниот. Со судот од вмровците и македонските граѓани за својата постапка и заона што планирате да го правите во иднина, вие пратеничке Александрова ќе морате самите да се изборите, ВМРО ДПМНЕ повеќе неможе и нема да стои повеќе позади вас. Бараме да покажете барем малку доблест и да го вратите мандатот кој го добивте како кандидат на листата на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои ви го дадоа, а вие максимално ги изневеривте.Како претседател на ОК Берово на крајот само сакам да истакнам, дека сум крајно разочаран, затоа што сум соработувал со таква личност во која сум имал целосна доверба, на која секогаш и од срце онолку колку сум бил во можност сум и помагал и сум ја поддржувал. Со вашата вчерашна постапка направивте да се срамам поради тоа, и од сопартијците и од сите чесни Македонци, посочи Атанасов.
Претседателот на ОК Берово од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Александрова занив ќе остане срамно минато.