Одговор на Обединета Македонска Дијаспора, како водечка организација на Македонците надвор од Македонија, за денешната лажна информација од претседателот на Бугарија, Румен Радев за наводните “концентрациони логори” во Македонија.
-Радев е еден од причините зошто односите помеѓу Македонија и Бугарија се влошуваат. Бугарските државни ставови се ксенофобични и дискриминаторни.
ОМД бара од Владата на Република Македонија под итно да се затвори Бугарскиот културен центар во Битола “Ванчо Михајлов”. Се друго е изговор. Македонија е Европска земја, порачуваат тие.