Во пресрет на утрешното сведочење на Александар Василевски Нинџа во случајот за т.н. „организатори“ на настаните на 27-ми април, јавноста се прашува дали Василевски-Нинџа повторно ќе изнесе „сведоштво“ кое на „чуден начин“ ќе кореспондира со потребите на Обвинителството, откако претходните сведоци на Рускоска речиси во целост ги демантираа нејзините тврдења дека зад организирање на насилството стои политичка партија, анализира порталот ЕКСПРЕС.
ДЕБЕЛО ДОСИЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ЗАТВОРСКИ КАЗНИ – ИСТОРИЈАТА НА НИНЏА
Според повеќе извори, во кривичната евиденција на „сведок“ од калибарот на Нинџа стојат следните дела:
Предизвикување на општа опасност; Изнуда на група, банда со употреба на огнено оружје со последици и со значителна материјална корист; Предизвикување општа опасност; Измама; Предизвикување на општа опасност со тешки последици; Грабнување; Разбојништво; Убиство во обид; Предизвикување општа опасност; Предизвикување опасност со помош на експлозив.
Василевски во повеќе наврати одлежувал затворска казна за повеќе од овие кривични дела. Но, честопати успевал и да се „извлече“ со помали казни, кои следеле откако Нинџа давал сведочења „како по мерка“ на Обвинителството во одредени случаи.
ЧУДНА СРЕДБА НИНЏА-РУСКОСКА ПРЕД НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ, ЗА КОЈА НЕКОЈ ИЗЛАЖА: ОБВИНИТЕЛСТВОТО И НИНЏА ИЛИ ЗАТВОРСКАТА УПРАВА ОД ШТИП?
За да се надополни сликата за се што се случува, мора да се спомене една „чудна средба“ која на 14-ти мај годинава се случила во Скопје помеѓу Вилма Рускоска и Александар Василевски Нинџа.
Според верзијата на Обвинителството, Рускоска го повикала Нинџа на средба поради наводни закани од други затвореници, иако според изјава на затворската управа за ТВ Алфа, ова е неточно бидејќи кон Нинџа немало никакви пријавени закани и дека бил спроведен во Скопје токму на барање на Рускоска.
Целата анализа прочитајте ја на EXPRES.MK