среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Онлајн наставата дополнително ги зголемува трошоците на родителите

Онлајн наставата дополнително ги зголемува трошоците на родителите

Владата на СДСМ заедно со министерството за образование и наука предводено од Мила Царовска сè уште немаат точно определен датум и ставови за тоа кога ќе стартува и како ќе се реализира учебната годината.

Иако имаа 6 месеци да се подготват за новата учебна година, сепак не беа успешни во тоа. Дел од родителите доколку има само онлајн настава нема да можат тоа да им го овозможат на своите деца.

-Имам две деца кои се четврто и шесто одделение, дома имаме еден комјутер. Со сопругот не сме во можност да инвестираме во ваква опрема иако е неоходна за децата. Дополнитено не ни знаеме што и како ќе биде со наставата, никој ништо прецизно не ни кажува, вели загрижен родител.

Причината за овој проблем се поврзува со тоа дека за спроведување на ваков тип на настава потребни се компјутери со подобри хардверски структури, камера, микрофон и други дополнителни ресурси. Во врска со оваа проблематика свој коментар дадоа и познавачите на состојбата со електрична енергија каде истакнаа дека онлајн наставата ќе ги зголеми сметките за струја на домаќинствата.

-Онлајн наставата ќе ги зголеми сметките за струја. Според познавачите фактурата на едно семејство ќе се зголеми во просек од 150 до 200 денари за едно дете, ако се две и до 400 денари. Зголемувањето по наставник во училиштата ќе чини исто така, но ќе зависи од тоа колку професори има во училиштата, велат тие.

Тие додаваат дека истото ќе ја чини и установата која е на другата линија на комуникација или училиштата. Во време на здравствено-економска криза владата наместо да гледа како да го реогранизира работното време на сите институции, како да им олесни на граѓаните само дополнително им додадава трошоци. За децата да купуваат комјутери, за истите како што велат познавачите се троши дополнително струја која е и поскапена.

Со еден збор има само празнење на џебот на граѓаните кои и онака осиромашуваат поради различни причини, ниски плати, а остануваат и без работа.

Најнови вести