недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Општина Тетово: Владата не одговара на нашето барање за помош по пожарот

Општина Тетово: Владата не одговара на нашето барање за помош по пожарот

Владата се уште не одговорила на барањето на Општина Тетово за помош за ублажување на последиците од пожарот кој неодамна избувна во градот, но и за наредните чекори, а кој предизвика голема материјална штета на фабриката „Македонија табак“. Оваа информација ја соопштија од Општина Тетово во писмено соопштение испратено до медиумите, по одржаниот трет состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово, на кој главна тема на разговор била состојбата по поплавите и пожарот, што го зафати магацинот за изолациони материјали во градот.

„Заклучокот кој произлезе од оваа средба е дека и покрај доцнењето на Владата да одговори на барањето за помош од страна на општината, ЈКП Тетово заедно со ТППЕ треба да излезат на терен и да почнат со дезинфицирање сите патишта и објекти (приватни објекти)на барање на сопствениците).

Исто така, комисијата формирана за регистрација и проценка на штетите треба да излезе на терен за да ги увиди штетите предизвикани од поплавите.

Од ТППЕ известија дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот ТППЕ претрпе сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочија со здравствени проблеми .

Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба .

Обвинителството соопшти дека е издадена наредба за пренос на материјалите и дадена е сугестија од страна на претставникот на ТППЕ, при пренесувањето на отпадот од пожарот да присуствува и екипа од пожарникари поради безбедносни причини од повторно активирање на пожарот.

Исто така, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување инфромираа дека до Владата е испратено барањето со кое општината бара од Владата да придонесе за обештетувањето на граѓаните, но се уште нема одговор“, се наведува во соопштението на општина Тетово.

Оттаму дополнуваат дека од општинскиот инспекторат известиле дека заедно со државниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина.

Од Секторот за комунални дејности известија дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но започнале интервенции за санирање на истите. 

Најнови вести