На мост на влезот во Струмица осамна графит на кој што пишува „Заеви вие сте главата на Рекет!“, откако претходно денеска пред судот првообвинетиот во истиот случај Бојан Јовановски-Боки 13 кој што доби 9-годишна затворска казна рече дека парите од рекет да се барат кај Зоран и Вице Заев.
Имено, тој пред судијата рече парите од РЕКЕТ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев.
-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.
За момент од судијата во случајот беше побарано Јовановски да биде изнесен од судот.
Инаку, Јовановски беше осуден на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица доби седум годишна казна затвор.